ЦЕВЕуроВолеј2023
Одредби и услови за издавање билети
I. ОБЕМ НА ПРИМЕНА
II. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ, ПОНИШТУВАЊЕ
- 1. Понудата за склучување на договор ја врши Клиентот веднаш штом ќе ја заврши трансакцијата на нарачката во однос на избраните онлајн билети. Договорот ќе биде склучен помеѓу ЦЕВи Клиентот со онлајн потврда.
- 2. Не се дава гаранција за точноста на податоцитесодржани во онлајн системот.
- 3. ЦЕВимаправо да ја откаже Нарачката на Клиентот за трансакција којаштое веќе потврдена во согласност со дел II. точка 1 погоре (еднострано право на откажување)доколку Клиентот ги прекрши специфичните услови поставени од ЦЕВна коиштое укажано пред продажбата. Истото важи и за обидите да се заобиколат таквите услови (на пр. повреда на ограничениот број билети по Клиент, прекршување на условите за документи, особено против забраната за препродажба, обиди да се заобиколи ова со регистрирање и користење неколку кориснички профили итн.). Откажувањето/повлекувањето може и премолчено да се пријави преку кредитирање на веќе платените купопродажни цени.
- 4. Секој Клиентќе ги следи сите мерки на властите на ЛОКво врска со спречување на пандемијата на Ковид-19 во однос на присуството на настанот. Истото важи и за концептите за безбедност и хигиена, вклучително, но не ограничувајќи се на оние што се издадени од ЦЕВ, ЛОКи/или трети страни. Во случај на неусогласеност, ЦЕВго задржува правото да го исклучи засегнатиот Клиент од (понатамошно) присуство на Настанот.
III. КОМПОНЕНТИ НА ЦЕНАТА И НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ
- 1. Цената за билетите купени во продавницата за билети на ЦЕВсесостои од основната цена на билетите како и резервациите и системските такси. Во цената е вклучена законската стапка на данокот на додадена вредност.
- 2. Плаќањето е можно со кредитна картичка (VISA, MasterCard, American Express) или со користење на PayPal.Плаќањата за VISA и MasterCard се обработуваат преку CTS EVENTIMNederland B.V., Postbus 3096, 2130 KB Hoofddorp, the Netherlands.
IV. ДОСТАВА НА КУПЕНИТЕ БИЛЕТИ
- 1. Билетите, купени преку Продавницата за Билети на ЦЕВсе доставуваат со испраќање на print@home или мобилен билет на е-пошта наведена од Клиентот за време на процесот на купување.
- 2. Видот на билетот и испоракатаможе да се сменат и нарачаат како дополнителна услуга во согласност со делот V. подолу.
V. ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
VI. ОГРАНИЧУВАЊА НА ОДГОВОРНОСТА, ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ПОВЛЕКУВАЊЕТО ВО СЛУЧАЈ НА ПОСЕБНИ ПОВРЕДИ НА ДОЛЖНОСТА
- 1. Во случајна прекршување на значителни договорни обврски (т.н. кардиналниобврски) коиштосе засноваат само на едноставна небрежност, ЦЕВќе биде одговорен,но ограничен на компензација за предвидливи загуби типични за овој тип на договор. ЦЕВи ЛОКнема да бидатодговорни за каква било загуба или штета што не е разумно предвидлива или предвидена во моментот кога Клиентот склучил договор во согласност со овиеОдредби и Услови.
- 2. Освен случаите наведени во точка 1, ЦЕВнема да одговара за загуби предизвикани од едноставна небрежност.
- 3. ЦЕВи ЛОКне се одговорни за какви било деловни загуби и ЦЕВи ЛОКнема да имаат одговорност кон кој било сопственик на билетза каква било загуба на добивка, загуба на бизнис, прекин на деловна активност или губењеделовни можности.
- 4. Во секој случај, до максималниот степен дозволен со закон, ЦЕВи ЛОКсо ова исклучуваат каква било одговорност за загуба, штета или повреда на Имателот на билет и/или нивниот имот, вклучувајќи (но не ограничувајќи се на) какви било индиректни или последователни загуба или штета, вклучувајќи (но не ограничувајќи се на) загуба на уживање или трошоци за патување или сместување, без оглед на тоа дали загубата или штетата: (а) би настанала во вообичаениот тек на настаните; (б) разумно може да се предвиди; или(в) е во размислување на страните, или на друг начин.
- 5. ЦЕВиЛОКнема да бидат одговорни за какви било прекини и/или ограничувања на гледањето на натпреварот предизвикани врз основа на (i) положбата на седиштето и/или (ii) дејствијата на другите гледачи.
- 6. Исклучено е правото на Клиентот да се ослободи од договорот поради прекршување на обврската за којаштоне се одговорни ЛОКили ЦЕВи за којаштостоката е оштетена.
- 7. Доколку одговорноста на ЦЕВе исклучена или ограничена според ставовите погоре, оваисто така важи и за одговорноста на нивните агенти и помошници.
- 8. Ништо наведено или имплицирано во овие Одредби и Услови нема да влијае на законските права на Носителот на билетот или на какви било права што не можат да бидат исклучени според законите насоодветната територија домаќин.
VII. ПОВЛЕКУВАЊЕ/ВРАЌАЊЕ НА БИЛЕТИТЕ
VIII. ТРАНСФЕР НА БИЛЕТИ
IX. ПРАВА НА ФОТОГРАФИИ
-
- 1. ЦЕВги собира и обработува следните лични податоци на Клиентот со цел да го обработи купувањето на билети и спроведувањето каква било процедура за проверка на пристап или друг неопходен скрининг: податоци за идентификација како назив, презиме/име(и), датум на раѓање, место на раѓање, земја на живеењеи националност, број на мобилен телефон,е-маил адреса, податоци за контакт како целосна поштенска адреса. Личните податоци се потребни и се неопходни за извршување на договорот склучен помеѓу ЦЕВи Клиентот, како и за легитимен интерес за утврдување наподобноста на лицата заинтересирани за купување билет(и) и осигурување билети да се испорачаат до вистинскиот поединец,како и гарантирање на ефективен безбедносен систем и безбедна средина внатре и околу Местото, како и за борба против незаконската продажба на билети.
- 2. ЦЕВги собира и обработуваличните податоци на Клиентот со цел продажба и издавање билети: податоци за идентификација како име(имиња), презиме, податоци за контакт какопоштенска адреса, е-миал адреса и детали за плаќање како што се детализа кредитна картичка (доколку е применливо) што ќе се користи само за купување билети, во согласност со овие Одредби и Услови, за целите на фактурирање и испорака на билетите. Личните податоци се потребни и се неопходни за извршување на договорот склученмеѓу ЦЕВи Клиентот и сите следни чекори по успешното доделување билети.
- 3. Под услов да е дадена согласност од Апликантот во Формуларот за апликација, личните податоци во врска со презимето, името(имињата) и е-маил адресата ќе бидат собрани и обработениод страна на ЦЕВза да му обезбеди на Клиентот по електронски пат информации и публицитет на ЦЕВпроизводи, услуги, комерцијални активности и настани. Доколку Клиентот не сака да прима или повеќе не сака да добива понуди и информации од ЦЕВ, тој/таа може да се откаже директно на неговата/нејзината сметка.
- 4. ЦЕВе предмет на важечките закони за заштита на податоците при собирање и обработка на лични податоци. Личните податоци доставени од Клиентот до ЦЕВќе се чуваат и обработуваат преку порталот за билети во согласност со овие Одредби и Услови и Политикатаза приватност на ЦЕВ.
-
5. ЦЕВги користи следните категории од третата страна и може да пренесува лични податоци на овие примачи со единствена цел за извршување на нивните активности:
a) даватели на технички услуги кои помагаат да се одржи безбедноста и перформансите на Порталот за Билети;
б) даватели на услуги кои помагаат во издавањето и испораката на Билетите;
в) ЛОКво чијаштојурисдикција се случува релевантниот Натпревар, релевантниот сопственик на местото на одржување, обезбедувачите на услуги за безбедност и пристап до местото на одржување и сите други даватели на услуги кои помагаат да се организира натпреварот и да се одржи сигурноста и безбедноста (вклучително и во однос на санитарните мерки); и
г) релевантните органи до степен кој е неопходен за одржување на сигурноста и безбедноста во врска со натпреварот (вклучително и во однос на санитарните мерки). - 6. Личните податоци на Клиентите во согласност со овие Одредби и Услови се собираат и обработуваат од ЦЕВсамо не подолго отколку што е потребно за целите опишани во членовите X.1, X.2. и X.3, освен ако употребата на таквите лични податоци е дополнително потребна за тековни административни или судски постапки поврзани со Натпреварот или, каде што е потребно, за спречување или откривање незаконски дејствија.
- 7. Клиентите имаат право да побараат пристап или информации за личните податоци поврзани со нив кои се обработуваат од ЦЕВ. Тие можат да пристапат, ажурираат и/или да бараат бришење, ограничување, исправка и/или прием на нивните лични податоци во согласност со важечкото законодавство за заштита на податоците на релевантните ЛОК/Територија Домаќин. Сите барања во врска со тоа ќе бидат испратени преку legal@cev.eu. За да го стори тоа, ЦЕВможе да побара од секој носител на билет да обезбеди потврда на нивниот идентитет (на пр. копија од официјалниот документ за идентификација со фотографија на којаштосе споменува нивниот датум и место на раѓање). ЦЕВможе да одбие, ограничи или одложи барање кога тоа го предвидува формален акт, кога тоа е потребно за да се заштитат најважните интереси на трети страни и/или кога тоа го бараат неговите сопствени најважни интереси,или кога барањата се очигледно неосновани или прекумерни и кога ЦЕВима правода го стори тоа според важечките закони за заштита наподатоците (на пример, кога се применува друго правно оправдување за обработка). Сопствениците на билети, имаат право да поднесат жалба за приватност до нивниот локален надзорен орган. Онаму каде штосопственикот на билет легитимно ќе ја повлече или ограничи својата согласност, или на друг начин се противи на тоа како ЦЕВги обработува неговите/нејзините лични податоци, ЦЕВможе да не може да му дозволи на тој поединец да купи билет и/или да присуствува на релевантен Натпревар.
- 8. Секој клиент прифаќа и признава дека разбрал како ЦЕВќе ги обработува нивните лични податоци според овој член X и, каде што е потребна согласност според важечките закони за заштита на податоците, се согласува со обработката на нивните лични податоци како што е наведено овде.
XI. СУДСКИ ПРАВИЛА
XII. НЕОВЛАСТЕНИ ГЛЕДАЧИ
-
1. 1. На сопствениците на билети им е дозволено да присуствуваат на соодветниот натпревар под услов:
а. Билетот да е добиен во согласност со овие Одредби и Услови;
б. тие се однесуваат во согласност со сите барања за влез и/или потврди (вклучувајќи ги и сите епидемиолошки потврди, доколку е потребно) во контекст на КОВИД-19;
в. каде што е потребно, тие да имаат добиено валидна ВИЗА од соодветната територија домаќин;
г. каде што носителот на билет патува до територијата домаќин, тие да ги исполнуваат сите барања што се во врска со влезот на територијата домаќин (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на какви било барања за патување и влез наметнати според важечките закони и/или на друг начин во контекст на КОВИД -19)
- 2. За да се избегне сомнеж, ЦЕВнема да биде одговорен за каква било загубаили штета претрпена од страна на Носителот на билет доколку тие не ги почитуваат одредбите од овој член XII.1 и/или, каде што е потребно, не ги добијат потребните документи .
XIII. ВТЕНТИЧЕН ТЕКСТ
XIV. НЕПРЕДВИДЕНИ ОКОЛНОСТИ
- 1. ЦЕВи ЛОКго задржуваат правото да направат измени на времето, датумот и локацијата на настанот и/или натпреварот(ите) поради непредвидени вонредни околности: виша сила, сигурносни и/или безбедносни причини или други одлуки донесени од кој било надлежен орган којштоима влијание врз натпреварот којштосе игра на местото на настанот.
-
2. Во случај на откажување, напуштање, одложување или повторување на натпреварот, или во случај на промена на местото на одигрување, намалување на капацитетот на стадионот или одигрување на соодветниот натпревар зад затворени врати, Клиентот ќе биде обврзан со Политиката за Рефундирање во однос на секое враќање на билетите купени од страна на Клиентот што предвидува:
а. Секое враќање на средствата на Клиентот во согласност со Политиката за Рефундирање на ЦЕВнема да му даде право на повраток на трошоците направени од Клиентот во врска со патувањето и сместувањето.
б. предмет на горенаведеното и член VI, ЦЕВ, ЛОКнема да имаат никаква одговорност кон Носителот на билетот поради какво било откажување, напуштање, одложување, реприза намалување на капацитетот на местото, промена на место или играње на соодветниот натпревар зад затворено врати или друг неуспех или недостаток во спроведувањето на натпреварот.
XV. ВАЖНОСТ НА ОДРЕДБИТЕ И ИЗМЕНИ
XVI. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
- 1. ОвиеОдредби и Услови ќе бидат исклучиво регулирани со законите на Големото Војводство на Луксембург.
- 2. Во случај купувачот да е регистриран трговец или јавно-правно лице, надлежниот суд во Луксембург ќе има ексклузивна надлежност за сите спорови кои произлегуваат од овие Одредби и Услови. Оваа одредба важи и за прекугранични договори, склученисо нетрговци. ЦЕВисто така го задржува правото да преземе правни дејствија пред кој било друг меѓународно надлежен суд.
- 3. д 15 февруари 2016 година, Европската комисија обезбедува овде (https://ec.europa.eu/consumers/odr/main/index.cfm?event=main.home.chooseLanguage) европска онлајн платформа за решавање спорови.
- 4. ЦЕВниту се обврзува ниту е должен да користи субјекти за алтернативнорешавање спорови за решавање на споровите со потрошувачите.
Договорните односи произлегуваат од купувањето на билетите меѓу сопственикот набилетите (клиентот или сопственикот на билетот) и CEV/ЦЕВ-Европска oдбојкарска конфедерација, непрофитна организација регистриранаспоред законите на Луксембург (регистарски број во регистарот на компании во Луксембург: F1135) со регистрирана адреса на 88, route de Longwy, L-1940 Luxembourg, Grand Duchy of Luxembourg (the CEV).
Одредбите и условите на ЦЕВ(ОиУ) ќе ги регулираат договорните односи меѓу Клиентот и ЦЕВво однос на ЦЕВЕуроВолејМажи/Жени 2023 (Европско првенство) што се одржува во Бугарија,Италија, Израел и Северна Македонија од 28 август 2023 до16 септември 2023 година за мажи, а во Белгија, Естонија, Германија и Италија од 15 август 2023 година до03 септември 2023 година за жени (Настанот). Клиентот се согласува со овие Одредби и Услови.
Следниве национални одбојкарски федерации (ЛОК/Асоцијација на Домаќини) се одговорни за организацијата и одржувањето на натпреварите на Настанот коишто ќе бна нивната територија:
а) Белгија
б) Бугарија
в) Естонија
г) Германија
д) Италија
ѓ) Израел
е) Северна Македонија
Без оглед на Дел IV. точка 1, доколку Клиентот побара различен вид на производство, пакување и испорака на билет како сувенир наместо онлајн билет, ќе се наплаќаат дополнителни трошоци за испорака.
Висината на овие трошоци зависи од видот на начинот на испорака. Надоместокот сеприкажува во количката при нарачка на овие дополнителни услуги. Покрај ова, нема дополнителни трошоци.
Доколку резервацијата е направена неколку дена пред настанот, билетите повеќе нема да се испраќаат. Доколку ЦЕВго овозможи тоа, билетите може да се подигнат лично на местото на настанот. Повеќе информации за локацијата, датумот и трошоците можете да најдетево продавницата за билети на ЦЕВ.
Билетите не може да се заменат. Билетите загубени или уништени од Клиентот нема да бидат заменети или вратени. Надоместувањето на куповната цена на билетот како гест на добра волја е предмет на одлука на ЦЕВ, којаштоќе се прави за секој случај посебно.
Надоместокот на влезната цена нема да се бара доколку Настанот сè уште не е конечно закажан во моментот кога бил нарачан билетот. Истото ќе важи и ако некој натпревар од Настанот биде прекинат. Билетите остануваат валидни во секој случај.
Доколку настанот е откажан, Носителот на билет може да ја врати трансакцијата по враќањето на оригиналниот билет во агенцијата за билети каде што го купил билетот. Нема да се надоместат трошоците за обработка, систем или испорака во врска со ова.
Со цел да се избегне насилство и кривични дела во врска со влегувањето на арената, да се спроведат забраните на арената, да се спречи препродажба на билети по превисоки цени и да се одвојат навивачите кои припаѓаат на различни тимови едни од други, како и да се одржи безбедноста на гледачите, во интерес на ЦЕВе да се ограничи преносот на билетите. Затоа, билетите може да се продаваат само од приватни причини, а не комерцијално. На носителот на билет особено му е забрането:
- нудење билети на аукциски портали за продажба;
- продажба на билети за комерцијални цели без претходна изречна писмена согласност од ЦЕВ;
- продажба на билетите во контекст на приватен трансфер по повисока цена отколкушто е наведено на билетите;
- префрлање билети на лица коиштопоради безбедносни причини биле исклучени од посетување на одбојкарски игри; и
- пренос или употреба на билети без претходна изречна писмена согласност од ЦЕВза цели на рекламирање, маркетинг,како бонус, подароци, награда или како дел однеовластен пакет за гостопримство или патување.
На барање на ЦЕВ, доколку билетот е префрлен, Клиентот ќе му го достави на ЦЕВимето, адресата и датумот на раѓање на новиот сопственик на билет.
Ако билет се користи за горенаведените недозволиви цели или ако Имателот на билет ги прекрши овие Одредби и Услови на кој било друг начин, билетот станува неважечки. Во овој случај, ЦЕВима право да го блокира билетот -исто така и по електронски пат -и да му одбие на Имателот на билет да пристапи до арената без надомест или да го избрка од арената.
Секој носител на билетнеотповикливо се согласува да му даде право на ЦЕВна бесплатно користење на неговата/нејзината слика и глас за фотографии, преноси во живо, емитувања и/или снимки на слика и/или звук направени од ЦЕВили неговите партнери во врска со сите медиуми и дистрибутивни канали на Настанот.
Влезот во Арената е возможен само со валиден билет. Влезот во арената е предмет на почитување на судските правила. Сопствениците на билети со попуст се должни да покажат лична карта илидруг доказ што им дава право да побараат попуст. ЦЕВможе слободно да ги применува куќните правила во секое време. При напуштање на настанот, билетот ја губи својата важност.
При присуство на натпреварите на Настанот, Клиентот треба да ги почитува соодветните судски правила на арената Домаќин. Во интерес на безбедноста и уредниот и непречен тек на настанот, Носителот на билетот ќе ги следи упатствата на полицијата, ЦЕВ, ЛОКи персоналот за обезбедување, како и управителите на арената. Секој носител на билет ќе соработува со полицијата, организаторите на настаните, персоналот за обезбедување и раководството на местото на одржување со цел да го потврди неговиот/нејзиниот идентитет и да толерира конфискација на забранетите предмети што ги поседува, доколку е потребно.
Пиротехнички предмети, особено огномет или димни свеќи, оружје од секаков вид и слични опасни предмети, стаклени предмети, лименки, алкохолни пијалоци, нелегални дроги или други предмети кои се штетни за уживањето во натпреварите на настанот или за удобноста или безбедноста за другите посетители, играчи или официјалнилица, се забранети. Истото важи и за рекламирање, комерцијални, политички или религиозни предмети од секаков вид, вклучувајќи банери, знаци, симболи или флаери. Горенаведените предмети не смеат да се носат во арената, ЦЕВима право привремено да ги складира. Забрането е скандирање или ширење расистички, ксенофобични или десничарски екстремистички слогани.
Забрането е влез на носителите на билети на теренот за играње и на други места кои се затворени. Луѓето коиштосе под дејство на алкохол илидрога, кои се насилни или чие однесување е спротивно на јавниот ред, или коиштопредизвикуваат загриженост поради таквото однесување, можат да бидат избркани од арената.
Без претходна согласност од ЦЕВ, на сопствениците на билети не им е дозволено да снимаатзвук, слики, описи или резултати од Настанот (освен за приватни цели),или да ги пренесуваат или дистрибуираат целосно или делумно преку Интернет или други медиумски канали ( вклучувајќи ги и мобилните комуникации) или на други лица за поддршка на таквите активности. Уредите или системите што можат да се користат за такви активности не смеат да се носат во арената без претходна согласност од ЦЕВ. Сликите направени од Сопствениците на билети за време на натпревар на Настанот може да се користат само за приватни цели. Секојакомерцијална употреба, без оглед на начинот на откривање, бара претходна писмена согласност од ЦЕВ.
Клиентот нема да собира, архивира или дистрибуира податоци за натпреварот наНастанот за какви било комерцијални цели.
Забранета е неовластена продажба на пијалоци, храна, сувенири, облека, промотивни предмети, написи за обожаватели и/или други комерцијални предмети.
Сите други барања за отштета со ова остануваат непроменети. Дополнително, ЦЕВго задржува правото да ги исклучи луѓето коиштоги прекршуваат овие забрани од купување билети во иднина, да ги избрка од арената и/или да покрене дополнителни правни дејствија против нив.
Овие Одредби и Услови се подготвени на англиски јазик и преведени на јазиците на секој од ЛОКи се достапни во Продавницатана Билети на ЦЕВ. Во случај на какво било несовпаѓање помеѓу англиската и преведената верзија, ќе преовладува англиската верзија.
ЦЕВго задржува правото да ги промени овие Одредби и Услови доколку е потребно за да обезбеди правилно и безбедно одржување на настанот и/или соодветните натпревари. ЦЕВќе го извести секој Носител на билет за таквите промени преку е-пошта испратена на адресата наведена од Носителот на билетот.
Доколку некој од надлежен суд, регулатор или орган треба да ги прогласи за неважечки, неефикасни, незаконски или неспроведливи одредбите од овие Одредби и Услови;
а. остатокот од овие Одредби и Услови ќе останат во сила како да не биле вклучени таквите неважечки, неефикасни, незаконски или неприменливи одредби; и
б. онаму каде што е потребно, неважечката одредба се заменува со одредба, којаштотесно се приближува на економската цел на таквата неважечка одредба.
Статус: Јули 2023